СЛИКАРКАТА МЕНА СПИРОВСКА БЕШЕ ПРВАТА ФЕМИНИСТКА ВО МАКЕДОНИЈА, ШОКИРАШЕ СО ДЕЛАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЛИКАРКАТА МЕНА СПИРОВСКА БЕШЕ ПРВАТА ФЕМИНИСТКА ВО МАКЕДОНИЈА, ШОКИРАШЕ СО ДЕЛАТА

    Пет години по смртта на Мена Спировска, првата академски образована ликовна уметница во Македонија, отворена е ретроспективна  изложба во Музејот на Град Скопје. Спировска творела графики и има релативно мал опус, бидејќи престанала да создава во 1962 година, но нејзиното  графичко творештво се оценува како тогашен храбар чекор, како нова визија која сосема раскрстила со соцреализмот и се определила за нешто тогаш ризично, што набрзо потоа, а и денес, половина век потоа, се покажува како висока вредност не само во Македонија туку и во светот.

    mence-2

    Легенди на македонската модерна (од лево кон десно): Петар Мазев, Мена Спировска со сопругот Драгутин Аврамовски -Гуте и Боро Митриќески (Фото: семејна архива на Аврамовска)

    Мена Спировска, позната како Менче, е сопруга на еден од основоположниците на македонската модерна уметност, сликарот и графичар Драгутин Аврамовски-Гуте, и има  огромно влијание за истата таа модерност и еманципација на македонското општество, во периодот по Втората светска војна.

    Таа од Прилеп, Гуте од Куманово, се нашле во Средно уметничко училиште во Скопје, и заедно заминале на Академија во Загреб, каде што во иста класа биле и со Ордан Петлески. Гуте и Менче како посебно талентирани веднаш биле примени во втора година, без да ја посетуваат првата година на Академијата. Се вратиле во Скопје во 1955 година, и биле дел од една интелектуална атмосфера наклонета кон промени, кон современи перспективи во уметноста, а и во сите останати области од живеењето.

    Творештвото на Менче е актуелизирано со ретроспективна изложба на иницијатива на историчарот на уметност Лазо Плавевски. Тој како промотор, заедно со Марика Бочварова Плавевска и со историчарот на уметност Коста Балабанов, објаснуваат дека оваа изложба е дел од проект за редефинирање на Модерната во македонската уметност и за потсетување на некои помалку заборавени автори. Балабанов вели дека појавата на делата на Менче биле шок, предизвикувале голем интерес, внимание и дискусии.  Спировска е првата која сериозно се зафатила со графичка уметност во Македонија. Таа главно работи дрворез, но и цртежи, а мотивите се  женски ликови и актови, па женскиот елемент останува нејзина главна карактеристика, покрај стилската прогресивност и истражувањата во различни дисциплини.

    Менче со ќерката Елизабета Аврамовска и внукот Иван Мирковски (фото од семејната архива на Аврамовска)

    Менче со ќерката Елизабета Аврамовска и внукот Иван Мирковски (фото од семејната архива на Аврамовска)

    Менче беше наставничка по ликовно образование, прво во Женската гимназија, денешена „Јосип Броз Тито“, потоа во гимназиите „Орце Николов“ и „Цветан Димов“. Од 1970-тите предава сликарски техники во Средното уметничко училиште каде што се пензионира во 1988. Аванградна, почитувана и широко прифатена, Менче почина во 2011.

    Оваа изложба беше повод да споделиме некои семејни приказни со нејзината ќерка, професорката на Архитектонскиот факултет Елизабета Аврамовска, која ја живее авангардната атмосфера на своите родители, и со нејзиниот син Иван Мирковски, внук на Менче и професор по архитектура на Американ колеџ и сопственик на студиото „Смарт ливинг“.

    Менче главно работела дрворез, но и цртежи, а мотивите се женски ликови и актови, па женскиот елемент останува нејзина главна карактеристика, покрај стилската прогресивност и истражувањата во различни дисциплини (Фото: СДК.МК)

    Менче главно работела дрворез, но и цртежи, а мотивите се женски ликови и актови, па женскиот елемент останува нејзина главна карактеристика, покрај стилската прогресивност и истражувањата во различни дисциплини (Фото: СДК.МК)

    Бети низ смеа раскажува, на пример, дека дознале оти Менче е три години постара од Гуте дури откако тој починал (1986) „зашто не било прикладно, според него, таа да е толку постара од него и секаде била запишана дека е родена 1930, а не 1928“.

    „Менче ми беше и мајка, и другарка и животен модел. Авангардна, млада во духот, дури помлада од некои мои сегашни студенти. Тетка Лиле Ѓузелова Хаџи-Бошкова велеше дека мајка ми е првата феминистка во Македонија“, се смее Бети.

    Менче и Гуте биле дел од изложбата на 6-мина графичари кои се претставиле вон музејски или галериски простор, вон институција во 1956-57 година. Тоа било во Клубот на умениците, кафеаната Кај Јоле и Почу, што за тоа време не било вообичаено. Тие ги кршеле стереотипите, отворале нови патишта што потоа добивале нови следбеници. Бети вели:

    mence-3

    Лазар Личеноски (во средина) ја отвори изложбата на Менче (прва десно) и Гуте (лево) (Фото: семејна архива на Аврамовска)

    „Менче кога се вратила од Загреб имала тифус фризура и немала сукњи, а бидејќи работела во школо, секогаш се поставувала така што на состаноците директорката не можела да ја забележи како е облечена. Служителите не ѝ верувале дека е наставничка, па морала да влгува од вратата за ученици“.

    За талентот на Мена Спировска пишува во литературата на историчарите на уметност, но Бети се сеќава дека кога мајка ѝ била средношколка, нејзиниот професор Мартиновски ѝ понудил да земе која било негова слика, во замена за еден нејзин цртеж.

    „Менче ми беше и мајка, и другарка и животен модел. Авангардна, млада во духот, дури помлада од некои мои сегашни студенти. Тетка Лиле Ѓузелова Хаџи-Бошкова велеше дека мајка ми е првата феминистка во Македонија“, вели Бети (фото: од семејната архива на Аврамовска)

    „Менче ми беше и мајка, и другарка и животен модел. Авангардна, млада во духот, дури помлада од некои мои сегашни студенти. Тетка Лиле Ѓузелова Хаџи-Бошкова велеше дека мајка ми е првата феминистка во Македонија“, вели Бети (фото: од семејната архива на Аврамовска)

    „Ауууу, како можев јас од професорот да земам слика, ми беше срам, јас обична ученичка“, раскажувала потоа Менче, а Бети на шега вели:„И, ете останавме ние без еден Мартиновски“.

    За широчината на Менче кон другите луѓе раскажуваат сите што ја познавале, и нејзините ученици на кои им била исто како мајка. И се доверувале, а таа на сите им помагала колку што можела. Се правела дека не гледа кога ѝ краделе цигари од ташна, и била прав другар. За тоа зборува и нејзиниот внук, Иван:

    „Менче пред сѐ беше другар, човек што по некој случај ја добил улогата да биде баба. Добриот другар знаеме дека секогаш знае како да ја изигра улогата која на својот најдобар пријател му е најпотребна. Во тој контекст, Менче беше супер-бабичка како што знаеја моите другарчиња од улица да ја нарекуваат. Секогаш спремна да слуша тоа што ќе и биде доверено во тајност. А таа доблест да слушаш Менче ја имаше развиено до највисоки граници. Знаеше да слуша други. Имаше фантастична имагинација, авангардните способности биле најзината движечка сила, нешто што ја правеше многу посебна. Посебно за оние кои не ја познаваа нејзината професионална страна, најверојатно им беше доста чудно како може да постои таков човек. На терасата на  „Дал метфу“ (Пелистер) на Плоштад беше редовна, да седи сама, да медитира сама во себе, да го размислува животот кој го водеше со една посебна динамика“.

    Менче имала посебна филозофија за животот која била отворена за сѐ што е ново. Секогаш облечена во пачворк  „енерџи“ фармерки, со хипи модни додатоци, Таа ја прифаќала модерната уметност и новите форми, инсталации, видеа и со строг вкус знаела да ги оценува.  Секогаш останала млада како што биле во повоениот период со Гуте, кога кај нив дома секоја вечер доаѓале луѓе, а понекогаш вели Бети, „и луѓе кои не ги познававаме“. Куќата на Водно ја викале хотел-промаја, а таму поминувале сите, од работниици, до уметници, политичари, писатели. Долго се седело и се дискутирало, што секако оставило траги на Бети и на внукот Иван.

    Три генерации наследници на Менчена отварањето на постхумната ретроспектива: ќерката Бети, внукот Иван и правнукот Давид (Фото: СДК.МК)

    Три генерации наследници на Менчена отварањето на постхумната ретроспектива: ќерката Бети, внукот Иван и правнукот Давид (Фото: СДК.МК)

    Бети се сеќава дека во еден тежок период за неа, кога ѝ починал близок, интимен пријател, таа седела со другарките во депресија. Тие ја тешеле и ја советувале да земе антидепресиви. Во муабетот се вмешала Менче, која со развлечен забавен тон како што зборувала  додала: „А, што не земеш марихуана, што да се труеш со тие хемии“.

    „Е, таква беше Менче“, вели  Бети.

    Семејството Аврамовски-Мирковски се сеќава на многу анегдоти и од кујната на не многу вештата готвачка Менче, која сепак, како поминувало времето, за сѐ што ќе се фатела, излегувало перфектно.

    „Таа го претпочиташе квалитетот наспроти квантитетот. Не можеше да сфати  дека некој може да се зафати со некоја работа со 30 проценти енергија. Таа работеше со сто отсто внесеност во она за што ќе се определеше, затоа и во 1962 година престанала да слика, зашто едноставно не можела сѐ да постигне, да ја одржува куќата, семејстото, работата во училиште. А, ја дотепала и поплавата, кога во непогодата ѝ се упропастиле сите клишеа“, ја заокружува  Елизабета Аврамовска богатата и бескрајна приказна за мајка ѝ Менче Спировска .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира