СО ПОЛА МИЛИОН ЕВРА СЕ ОБНОВУВА ПОКРИВОТ НА НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“, АРХИТЕКТОНСКОТО РЕМЕК-ДЕЛО СТАРО ПОЛА ВЕК

    СО ПОЛА МИЛИОН ЕВРА СЕ ОБНОВУВА ПОКРИВОТ НА НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“, АРХИТЕКТОНСКОТО РЕМЕК-ДЕЛО СТАРО ПОЛА ВЕКСе реконструираат три од постојните пет кубуси на покривот на стариот дел од објектот. (Фото: Министерство за култура )

    Триесет милиони денари (околу пола милион евра) чини реконструкцијата на покривот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (НУБ) во Скопје. Станува збор за објект стар 50 години во кој се чува македонското национално богатство, кој во изминативе години често прокиснува по обилни дождови, а претставува архитектонско ремек-дело на еден од најзначајните македонски архитекти, Петар Муличковски кој почина во август годинава.

    Во изминативе два месеца, како што велат од Министерството за култура, се реконструираат три од постојните пет кубуси на покривната конструкција на стариот дел од објектот.

    „ Активностите се одвиваат според планот, и досега се реализирани над 50 проценти од одобрените средства, односно 16.827.443,00 денари“, вели министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.

    Реализацијата на проектот за целосна реконструкција на покривот, кој во оваа фаза опфаќа вкупно 1.070 квадратни метри, како и на блоковите 3 и 5 од објектот на НУБ ќе продолжи и следната година.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира