СО „УНДИНА“ НА ПЕТЦОЛ УТРЕ ПОЧНУВА НЕДЕЛАТА НА НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ФИЛМ

    СО „УНДИНА“ НА ПЕТЦОЛ УТРЕ ПОЧНУВА НЕДЕЛАТА НА НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ФИЛМ„Ундина“ беше во селекцијата за Златна мечка на годинешното Берлинале, а актерката Пола Бер освои Сребрена мечка за најдобра женска улога. (Фото: Берлинале)

    Со „Ундина“ на Кристијан Петцол утревечер во летното кино на Кинотеката почнува Неделата на новиот германски филм. „Ундина“ беше во селекцијата за Златна мечка на годинешното Берлинале, а актерката Пола Бер освои Сребрена мечка за најдобра женска улога.

    До 7 септември ќе играат вкупно 8 германски филмови од поновата продукција, од различни жанрови. Проекциите почнуваат во 20 часот и се бесплатни, но бројот на гледачи е ограничен поради мерките за заштита од ковид-19, а задолжително е носење маска.

    На програмата се трилерот „Балон“ на Михаел Хербиг, биографскиот филм „Мојот состанок на слепо со животоТ“ на Марк Ротемунд, комедијата „Златната рипка“ на Алиреза Голафшан, експерименталната комедија „Ми се оди в диско“ на Аксел Раниш, драмата „Кадиш за пријател“ на Лео Касин и комедијата „Еби се Гете“ на Бора Датекин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира