СРЃАН ДРАГОЈЕВИЌ ВО СКОПЈЕ ГО СНИМА ФИЛМОТ „ОСМИ МАРТ“, СПОРЕД РАСКАЗОТ НА РУМЕНА БУЖАРОВСКА

    СРЃАН ДРАГОЈЕВИЌ ВО СКОПЈЕ ГО СНИМА ФИЛМОТ „ОСМИ МАРТ“, СПОРЕД РАСКАЗОТ НА РУМЕНА БУЖАРОВСКАФилмската екипа е составена од професионалци и актери од Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Романија, Бугарија, Црна Гора и Германија (Фото: „Веда филм“)

    Осми март“, новиот филм на српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ, почна да се снима во Скопје. Филмот е инспириран од истоимениот расказ на македонската писателка Румена Бужаровска, која е косценаристка на филмот заедно со Драгојевиќ.

    Осми март“ се опишува како црна, горчлива комедија која отвора значајни теми за жената, општеството, културниот империјализам и за светот во кој често е тешко да се пронајде сопственото место.

    Дел од филмот се снима во просториите на Правниот, Економскиот, Филолошкиот и Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а филмската екипа е составена од професионалци и актери од Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Романија, Бугарија, Црна Гора и Германија.

    Во филмот играат Ксенија Маринковиќ, Бојана Новаковиќ, Милена Павловиќ, Наташа Марковиќ, Лазар Драгојевиќ, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Марјан Наумов, Мина Јелушиќ, Ана Јовановска, Далиа Стоименова и Талиа Харалампиев.

    Во снимањето учествуваат и над 120 статисти на возраст од 18 до 25 години, предводени од кастинг-директорката Киријана А. Николоска и агенцијата Гужва.

    Македонскиот дел од екипата го сочинуваат: Елена Станишева – продуцентка, Илина Ангеловска – сценографка, Виктор Павловски – директор на филмот, Бранка Чочковска – координаторка на продукција и младите филмски работници Стефан Камчев, Мартин Маневски, Антонија Белазелкоска, Андреа Маркоска, Лора Милошевска, Калин Крајчевски и други.

    Филмот е меѓународна копродукција на осум земји: главен продуцент е „Делириум филм“ од Србија, а копродуценти се „Веда филм“ од Македонија, 15-та уметност“ од Хрватска, Студио Вирц“ од Словенија, Аксел филм“ од Романија, Контраст филмс“ од Бугарија, Таурус продукција“ од Црна Гора и „Ахтунг панда и ЈИП филмс“ од Германија. Проектот е поддржан од Српскиот филмски центар, Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот филмски центар, Агенцијата за филм на Македонија, Романскиот Сини , Бугарскиот филмски центар, Црногорскиот филмски центар, регионални фондови од Германија и од паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира