СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ПЛАНИНАТА НЕ ОДИ НИКАДЕ“ НА СЕЛИШКАР НА ФЕСТИВАЛОТ „ВИЗИИ НА РЕАЛНОСТА“ ВО НИОН

    СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ПЛАНИНАТА НЕ ОДИ НИКАДЕ“ НА СЕЛИШКАР НА ФЕСТИВАЛОТ „ВИЗИИ НА РЕАЛНОСТА“ ВО НИОНФилмот, кој е словенечко-француско-македонска копродукција, е за тројца браќа овчари во Македонија кои со стадото живеат по неколку месеци на планина на 2.400 метри надморска висина. (Фото: Visions du Réel)

    Документарецот „Планината не оди никаде“ на словенечката режисерка Петра Селишкар денеска ќе има светска премиера во конкуренцијата за награди на фестивалот „Визии на релноста“ (Visions du Réel) во Нион, Швајцарија, еден од најзначајните за документарни филмови во Европа. Филмот, кој е словенечко-француско-македонска копродукција, е за тројца браќа овчари во Македонија кои со стадото живеат по неколку месеци на планина на 2.400 метри надморска висина.

    Ова е осми долгометражен документарец на Селишкар, која е основач и беше директорка на македонскиот фестивал на документарни филмови МакеДокс во Скопје. Сценариото е на Селишкар и Танкред Ривиер, директор на фотографија е Бранд Ферро, монтажери се Лорелин Делом и Сашко Мицевски, а музиката е на Изток Корен.

    Филмот е во продукција на „Петра Пан Филм“ од Словенија, „Синефаж продукција“ од Франција, ППФП од Македонија во копродукција со РТВ Словенија. Продуценти се Петра Селишкар, Виктор Еде и Сара Ферро, а извршни продуценти се Бранд Ферро и Ивана Нацева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира