ТАЊА БАЛАЌ ДОБИ ГРАН-ПРИ НА ЗИМСКИОТ САЛОН НА ДЛУМ ЗА ВИДЕОТО „СЛЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА“

    ТАЊА БАЛАЌ ДОБИ ГРАН-ПРИ НА ЗИМСКИОТ САЛОН НА ДЛУМ ЗА ВИДЕОТО „СЛЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА“Викторија Васева-Димеска, Карповец, Балаќ, Маја Рауник-Кирков и Јана Манева-Чупоска на синоќешното отворање на изложбата. (Фото: ДЛУМ)

    Уметницата Тања Балаќ ја доби Гран-при наградата на Зимскиот салон на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ), на синоќешното отворање во Чифте амам. Балаќ е наградена видеото „Следна генерација“( Next Generation). Наградата е престој во ателјето на „Сите дез арт“ во Париз, што ја овозможува Министерството за култура.

    Селекторка на биеналниот ликовен настан е Оксана Карповец, кураторка од Украина, која живее во Франција, а концептот е „Интимност и меѓусебна поврзаност“. Изложени се 36 дела од 33 македонски уметници и тројца од Украина.

    „Во поврзаноста на овие зборови, мојата идеја е дека сите живееме во глобално село, дека сме поврзани без разлика каде денес живееме, сите сме вклучени и во војната во Украина, во Сирија, гладот, климатските промени. Сите страдаме од ова, во иднина сите ќе ги видиме последиците. Интимноста е нешто важно што прави не прави нас луѓе. Интимноста на мајката и детето, интимноста на љубовта, на грижата, грижата еден за друг, солидарноста“, вели Карповец.

    Изложбата ќе трае до 10 март.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира