ТОМ КРУЗ МЕЃУ ГОДИНАШНИТЕ ДОБИТНИЦИ НА ПОЧЕСЕН ОСКАР

    ТОМ КРУЗ МЕЃУ ГОДИНАШНИТЕ ДОБИТНИЦИ НА ПОЧЕСЕН ОСКАРКруз досега беше номиниран за Оскар четирипати (Фото: АП)

    Триесет и пет години откако првпат беше номиниран за Оскар, Том Круз конечно ќе добие статуетка. Тој ќе биде еден од годинашните добитници на почесен Оскар, заедно со кореографката Деби Ален и сценографот Вин Томас.

    Кантри ѕвездата Доли Партон ќе ја прими хуманитарната награда „Џин Хершолт“ за нејзините повеќедецениски активности на полето на описменување и образование. Партон беше номинирана за Оскар за најдобра оригинална песна во 2006.

    Најголемиот дел од добитниците на почесен Оскар никогаш не го добиле признанието за конкретен филм. Таков е случајот и со 62-годишниот Круз, кој досега беше номиниран четирипати: двапати за главна улога, еднаш за споредна улога и последно како продуцент на „Топ ган: Маверик“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира