ТРИ НАГРАДИ ВО СЛОВЕНИЈА ЗА „НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ“ НА ТЕОНА СТРУГАР МИТЕВСКА

    ТРИ НАГРАДИ ВО СЛОВЕНИЈА ЗА „НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ“ НА ТЕОНА СТРУГАР МИТЕВСКАВо категоријата за најдобра копродукција ја освои главната награда за најдобар филм. (Фото: ФСФ )

    Филмот на македонската режисерка Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек на светот“ синоќа доби три награди на 25.Филмски фестивал на словенечки филм во Порторож, Словенија, соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“. Филмот е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска.

    Во категоријата за најдобра копродукција ја освои главната награда Весна за најдобар филм. Во националната категорија за најдобар словенечки филм со исклучок од страна на жирито „Најсреќниот човек на светот“ доби две награди: наградата Весна за најдобар костим за словенечката костимографка и долгогодишна соработничка на Теона, Моника Лорбер и наградата Весна за најдобра шминка за Мојца Горогранц-Петрушевска.

    Новиот филм на Митевска игра во киното Милениум со две проекции на ден, од 20 и од 22 часот.

    Филмот на Митевска на 2 септември имаше светска премиера на фестивалот во Венеција во програмата Хоризонти, играше и во Торонто и е годинашен македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира