„ЦРНИ ДУПКИ ВО НАС“ Е ЖИВОТНА ДРАМА, ВЕЛИ АВТОРКАТА МАРТА МАРКОСКА ПРЕД ДЕНЕШНАТА ПРОМОЦИЈА ВО ЈАВНА СОБА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „ЦРНИ ДУПКИ ВО НАС“ Е ЖИВОТНА ДРАМА, ВЕЛИ АВТОРКАТА МАРТА МАРКОСКА ПРЕД ДЕНЕШНАТА ПРОМОЦИЈА ВО ЈАВНА СОБА

    Двојазичното македонско-англиско издание на книгата „Црни дупки во нас“ на Марта Маркоска вечерва во 20 часот ќе добие мултимедијална промоција во Јавна соба – центар за дизајн и иновации.

    Книгата во издание на Здружението за литература, култура и уметност „Галикул“ е резултат на наградата „Тодор Чаловски“ (2015) која е признание од областа на поезијата, книжевната критика, есеистиката и креативните прозни форми за млад автор од Македонија. Наградата е основана во 2015 година и се доделува во знак на почит и сеќавање кон ликот и делото на еден од најистакнатите современи македонски писатели Тодор Чаловски (1945-2015).

    Марта Маркоска досега има објавено осум авторски книги. Покрај горенаведената книга, во нејзиниот опус се вбројуваат и „Црни дупки во нас“ (прво издание, 2014, награда „Бели Мугри“), поетските книги: „Стрмоглаво кон височините“ (второ издание, 2013), „Стрмоглаво кон височините“ (прво издание, 2012) и „Сите притоки се слеваат во моето корито“ (поезија, „Темплум“, Скопје, 2009). Книгата раскази „Вител во Витлеем“ (2010), книги есеи и студии: „Култура и меморија“ (2014), „Расправа за Зен будизмот: религиско-филозофски трансценденции помеѓу источната и западната мисла“ (2013), и „Хипер хипотези“ (2011).

    Книгата „Црни дупки во нас“ беше презентирана и промовирана во рамки на 22-та Галичка книжевна колонија, а есенва беше претставена и на поетски фестивали во Романија, Бугарија и Турција. Книгата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија од програмата за финансирање проекти од национален интерес од областа на литературата и издавачката дејност за 2016 година како и од Град Скопје.

    „Преводот на книгата ѝ донесе гостување по фестивали надвор од земјава, во Бугарија, Романија, Турција, а на пролет ќе биде претставена и во Италија. Наградата, пак, го донесе преводот, а животните драми на авторката ја донесоа книгата, ако одиме по генеалогија“, вели авторката Маркоска на прашањето како се одвиваше креативниот процес на преведуваното и наградувано дело.

    Академик Луан Старова за книгата ќе рече: „Збирката `Црни дупки во нас` ја прочитав во еден здив, иако таа повикува на повеќе исчитувања. Плени мудроста, знаењето и потребата да се раситнат нештата до кристална и искрена едноставност и да се стават во функциja на големите прашања на егзистенцијата и на хармонијата помеѓу противреалностите, за да се достигне полнотијата на љубовта и недефинитивноста на смртта. Посебно ме плени потрагата по рамнотежата во хаосот на егзистенцијата и опкружувањето, односно борбата помеѓу виталните сили на опстанокот и наметнатите историски сили“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира