ТУРСКИ ТЕАТАР ЈА ЗАТВОРА СЕЗОНАТА СО ПРЕМИЕРА НА „БОГ НА МАСАКРОТ“

    ТУРСКИ ТЕАТАР ЈА ЗАТВОРА СЕЗОНАТА СО ПРЕМИЕРА НА „БОГ НА МАСАКРОТ“Екипата на претставата „Бог на масакрот“ на чело со режисерката Билге Емин (Фото: МИА)

    Претставата „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза, во режија на Билге Емин е последната претстава на Турски театар за оваа сезона. Премиерно се игра вечерва од 20 часот на сцената на Театар Комедија, каде е сместен ансамблот на Турски театар изминативе години.

    „Бог на масакрот“ на француската писателка Реза е еден од најпоставуваните текстови во светот и кај нас, според кој и режисерот Роман Полански го сними филмот во 2011.

    „Две теми се важни во овој текст, дивјаштвото во човекот и надменоста. Текстот говори за две деца на 11-годишна возраст кои ќе се спречкаат и во таа тепачка, едното од нив ќе му ги скрши забите на другото дете. Родителите на децата се договараат да се сретнат и да ги решат проблемит“, вели режисерката Емин.

    Емин, која е родена скопјанка, а често работи во театрите низ Турција, вели оти е е среќна што во „Бог на масакрот“ работела со луѓе кои ѝ припаѓаат на истата генерација со која таа се дружела од детството и со кои и денес разменуваат исти мислења и ставови.

    Играат Сузан Акбелге, Филиз Ахмет, Џенап Самет и Селпин Керим. Сценографијата е на Татјана Блажевска-Христоска, костимите на Марија Пупучевска.

    В. д. директорката на Турски, Несрин Таир рече дека со „Бог на масакрот“ ќе ја почнат новата театарска сезона после 10 септември, а до крајот на годината ќе имаат уште една премиера, „Зад затворени врати“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира