УБАВО Е ВО БУЧАВАТА ОД ПАРТИСКИ ВЕСТИ ДА СЕ СЛУШНЕ КУЛТУРА, РЕКОА ДОБИТНИЦИТЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

    УБАВО Е ВО БУЧАВАТА ОД ПАРТИСКИ ВЕСТИ ДА СЕ СЛУШНЕ КУЛТУРА, РЕКОА ДОБИТНИЦИТЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“Агим Пољоска, Димитар Башевски, Весна Ѓиновска-Илкова, Виолета Томовска и Дејан Докиќ денеска во Собранието ја примија највисоката државна награда „Св. Климент Охридски“. (Фото: МИА)

    Писателот Димитар Башевски, примадоната на Националната опера и балет (НОБ) Весна Ѓиновска-Илкова, доајенката на македонската народна песна Виолета Томовска, албанологот проф. д-р Агим Пољоска и пулмологот-алерголог проф. д-р Дејан Докиќ денеска во Собранието ја примија највисоката државна награда „Св. Климент Охридски“.

    За доделувањето на државната награда „Св.Климент Охридски” за 2019, како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија, одлучи одборот на чело со академик Влада Урошевиќ.

    „Некако се совпаѓа највисоките награди да се доделуваат во есен, исто како и ние уметниците кога ги собираме плодовите од нашиот труд и работа. Убаво е во бучавата од партиски, политички, сообраќајни и други гласови, со ваквите прилики за еден момент се свртува вниманието кон нешто што е подолгорочно“, рече писателот Башевски, заблагодарувајќи се во име на сите добитници.

    Говорејќи за значењето на ученикот на просветителите Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Башевски кажа: „Ние, денешните добитници, имаме по едно дрво кое го чува вечниот оган на Св. Климент Охридски“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира