УНГАРСКИОТ ПИСАТЕЛ ЛАСЛО КРАСНАХОРКАЈ ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА

    УНГАРСКИОТ ПИСАТЕЛ ЛАСЛО КРАСНАХОРКАЈ ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРАРоманите на Краснахоркај често се одвиваат во една реченица (Фото: Гети)

    Унгарскиот писател Ласло Краснахоркај е годинашниот добитник на Нобеловата награда за литература за „неговиот неодолив и визионерски опус“. Неколку негови дела добија филмска адаптација во режија на унгарскиот режисер Бела Тар.

    Седумдесет и едногодишниот Краснахоркај има добиено бројни меѓународни награди, вклучувајќи ја Букеровата за 2025 година.

    Опишан како „современ господар на апокалипсата“, Краснахоркај има објавено девет романи во периодот од 1985 до 2024 година и неговите филозофски мрачно смешни дела често се одвиваат во една реченица.

    Нобеловите судии го пофалија неговиот „уметнички поглед кој е целосно ослободен од илузии и кој гледа низ кршливоста на општествениот поредок во комбинација со неговата непоколеблива верба во моќта на уметноста“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира