УНКОВСКИ ГИ ПОЧНА ПРОБИТЕ ЗА НОВАТА ПРЕТСТАВА НА МНТ, „ЦРНО ЗЛАТО“, ПО ТЕКСТ НА ДЕЈАН ДУКОВСКИ

    УНКОВСКИ ГИ ПОЧНА ПРОБИТЕ ЗА НОВАТА ПРЕТСТАВА НА МНТ, „ЦРНО ЗЛАТО“, ПО ТЕКСТ НА ДЕЈАН ДУКОВСКИПремиерата на „Црно злато“ се очекува во декември (Фото: МНТ)

    Во Македонскиот народен театар (МНТ) денеска започнаа пробите за новата претстава „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски.

    Во центарот на приказната е едно семејство со неговите премолчени конфликти, трауми, љубови, загуби и обиди за повторно пронаоѓање на сопствениот идентитет. Ликовите се соочуваат со семејната транзиција, минатото кое не исчезнува и со сегашноста која постојано ги враќа едни кон други.

    Играат: Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.

    Креативниот тим го сочинуваат сценографот Бранко Хојник, костимографот Александар Ношпал, композиторот Златко Ориѓански, асистентката на режисерот Звездана Ангеловска и асистентот на сценографот Мартин Манев. Во претставата учествуваат музичари и хор.

    Премиерата на „Црно злато“ се очекува во декември годинава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира