УТРЕ НОЌНА МУЗЕЈСКА ТУРА ВО МСУ НИЗ ДЕЛАТА НА ЖМИЈЕВСКИ И АЛТХАМЕР, ПОСЕТИТЕЛИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО ДЕЛАТА И СО СВОИ МАТЕРИЈАЛИ

    УТРЕ НОЌНА МУЗЕЈСКА ТУРА ВО МСУ НИЗ ДЕЛАТА НА ЖМИЈЕВСКИ И АЛТХАМЕР, ПОСЕТИТЕЛИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО ДЕЛАТА И СО СВОИ МАТЕРИЈАЛИСветски познатите полски уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер две недели творат во МСУ. (Фото: МСУ)

    Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје утревечер од 20 часот ќе има ноќна музејска тура низ креативната работа на светски познатите полски уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер кои се ексклузивни гости на музејот. Тие се меѓу најзначајните претставници на таканаречената критичка уметност, заснована на критичка обработка на актуелните теми од јавниот живот.

    Во текот на овие две недели, полските уметници создаваат 30-тина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, стари фотографски книги, каталози, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони. Турата ќе ја води кустосот Бојана Јанева, а МСУ ги повикува посетителите да донесат дел од овие материјали, и со тоа да придонесат во создавањето на делата.

    Гостувањето на Жмијевски и Алтхамер е дел од проектот Отворено студио, што ќе биде заокружен на 14 јули со нивна самостојна изложба „Полска школа на колаж“ во МСУ, која ќе трае до 25 август по што на музејот ќе му подарат дел од делата. Куратор на проектот е Владимир Јанчевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира