ВАНГЕЛ НАУМОВСКИ БЕШЕ ИЗБРКАН ОД УМЕТНИЧКО ШКОЛО КАКО НЕТАЛЕНТИРАН, А САЛВАДОР ДАЛИ МУ ДОЈДЕ НА ИЗЛОЖБА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВАНГЕЛ НАУМОВСКИ БЕШЕ ИЗБРКАН ОД УМЕТНИЧКО ШКОЛО КАКО НЕТАЛЕНТИРАН, А САЛВАДОР ДАЛИ МУ ДОЈДЕ НА ИЗЛОЖБА

     

    Измислени подводни и космички бавчи, фантастични светови со нимфи и со органски форми, фантазмагоричен подводен и свемирски свет од кој блика ерос, и сето тоа насликано со силен колорит. Тоа се само првите впечатоци кои се добиваат од сликите на оригиналниот охридски уметник Вангел Наумовски, чии дела во ретроспективно-монографска изложба се поставени во Даут пашин амам во Скопје, од петокот кога беше свеченото отворање на изложбата подготвена од Националната галерија на Македонија.

    Наумовски е самоук сликар, кој во втора година на Средното уметничко училиште во Скопје бил избркан како „неталентиран“. Поради егзистенцијални причини работел сѐ и сешто и стекнал разни вештини, што подоцна ги искористил во уметноста.

    Тој е роден во Скрeбатно, охридско во 1924 година, а почина во 2006 како еден од ретките македонски уметници широко прифатени во светски рамки. Како што вели и кураторката на изложбата Маја Чанкуловска Михајловска, Вангел отпрвин го призна светот, а потоа и Македонија.

    Салвадор Дали на изложбата на Вангел Наумовски во Галеријата „Мона Лиза“ во Париз во 1970:„Ова е сликар од бајките. Тој е наивен сликар, но Медитеранот оставил силен печат на него. Мошне е префинет и суптилен. Ова е комплетна изложба. Неговото сликарство е блиско до моето. Мене не ме интересираат обичните наивни сликари. Кај Наумовски има елемнти кои може да бидат дури и научни. Исто така интересна е и биолошката страна на неговото сликарство“; - Од монографијата за Наумовски

    Салвадор Дали на изложбата на Вангел Наумовски во Галеријата „Мона Лиза“ во Париз во 1970:„Ова е сликар од бајките. Тој е наивен сликар, но Медитеранот оставил силен печат на него. Мошне е префинет и суптилен. Ова е комплетна изложба. Неговото сликарство е блиско до моето. Мене не ме интересираат обичните наивни сликари. Кај Наумовски има елемнти кои може да бидат дури и научни. Исто така интересна е и биолошката страна на неговото сликарство“; – Од монографијата за Наумовски

    Пресвртна изложба за младиот талентиран, а маргинализиран Наумовски е изложбата во Галеријата на примитивна уметност во Загреб во 1963, по која ништо веќе не е исто. Неговата оригиналност почнува да е препознатлива за критиката во тогашна Југославија, но и во центрите на модерната уметност како Париз, Рим, Лондон, Минхен, подоцна изложува и во Њујорк.

    Во монографијата е подвлечен фактот дека од многуте работи кои ги искусил Наумовски била и работата во Хидро-биолошкиот завод во Охрид, од 1965-69 година, каде што имал задача под микроскоп да ги набљудува и детално графички да ги пренесе на хартија изучуваните примероци од флората и фауната на Охридското Езеро.

    На изложбата пак, неговиот син, уметникот Рубенс Наумовски, ни рече дека татко му никогаш не нуркал.

    „Тој имаше посебен однос кон Езерото и воопшто кон природата. Имаше став дека таа не треба да се пресликува, да се краде од природата, туку дека сета таа убавина што ја восприемаме од неа, уметникот би требало да ја преточи на свој, нов свет и да создаде ново чувство, нови импресии за радоста на животот“, вели Рубенс.

    „Тој беше против ставот дека Париз или Лондон треба да се донесат во Македонија, тој велеше, Македонија да ја однесеме во светот. Тој тоа го постигна, и мислам пред смртта беше свесен за тоа свое достигнување“, вели синот Рубенс Наумовски (Фото: СДК.МК)

    „Тој беше против ставот дека Париз или Лондон треба да се донесат во Македонија, тој велеше, Македонија да ја однесеме во светот. Тој тоа го постигна, и мислам пред смртта беше свесен за тоа свое достигнување“, вели синот Рубенс Наумовски (Фото: СДК.МК)

    На ретроспективата се изложени 90 дела од кои повеќето се сопственост на семејството, на синот Рубенс и неговите три сестри. Сликата од голем формат на централниот ѕид, „Тишина од распеана ноќ“, од 1970 година, вели, на оваа изложба прв пат се изложува.

    „Таа слика ни е во горниот салон, каде што е ателјето на Вангел, и каде што е неговиот изложбен простор. Јас како дете, средношколец и студент во Скопје, кога доаѓав налето дома, бев како гостин, немаше место кај да спијам, па спиев на кауч во салонот. Секое утро се будев со оваа слика пред мене, и секое утро таа ми носеше нови доживувања, одново и одново. Можам постојано да ја гледам“, раскажува Рубенс и додава:„ Со сета мака се трудиме да не ги отуѓуваме сликите. А, имало различни ситуации во животот, сум се молел, сум се крстел од што не сум знаел како да се справам. Има еден голем светски човек што токму за таа слика секогаш ми вика, колку треба, толку ќе даде. Но, ете, со сестрите сме рекле не продаваме. Секогаш ме фаќа страв од помислата што би било ако отиде некоја слика низ светот, и никогаш повеќе да не можам да ја видам. Ќе ми остане таква празнина што нема да ја поднесам. Тоа нема да си го простам самиот, а ниту пак ќе ми простат децата“.

    Рубенс во петокот на отворањето на изложбата се заблагодари на институциите, но рече најмногу на Вангел.

    „Тој беше против ставот дека Париз или Лондон треба да се донесат во Македонија, тој велеше, Македонија да ја однесеме во светот. Тој тоа го постигна, и мислам пред смртта беше свесен за тоа свое достигнување“.

    Теоретичарите велат дека сликарството на Наумовски е борба со технолошкиот напредок, па академик Цветан Грозданов има напишано оти се ова дела со ненаселен рај што сликарот ни го ветува, невина проекција на детски соништа.

    „Општата концепција на Наумовски се однесува на хигената на духот надвор од урбанизираните целини и градење негибнат, идиличен свет“, пишува Соња Абаџиева.

    Вангел Наумовски беше чуден човек, велат неговите современици. Тој беше и архитект, скулптор, поет, музичар. Во различни свои уметнички изразувања се потипишуваше како Нав Муан, Ван Сан Скребатски или како Сараван.

    Изложбата е отворена до 27 февруари 2017.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира