Триесет и петгодишниот пејач Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на 65. издание на Евровизија во Ротердам, Холандија (12-16 мај). Гарванлиев ѝ познат на јавноста по песната „Марионка“, која ја изведе на фестивалот Златно славејче на седумгодишна возраст и која стана една од најпопоуларните детски песни.
Тој лани беше еден од придружните вокали на пејачката Тамара Тодевска, која се пласираше на седмото место и е најголем успех на земјава досега на Евровизија.
Гарванлиев е роден во Струмица, а на десет години се преселил со семејството во САД. Кога имал 17 години, неговото семејство е депортирано од САД. Во Чикаго, пред да почне да се занимава со оперската музика, тој пеел поп соло. Потоа живеел во Милано, Италија. На аудиција во Торонто, во Кралскиот конзерваториум бил примен со целосна стипендија и таму останал 9 години. Во 2018 се врати во Струмица.
Во интервјуто за Македонската радио телевизија (МРТВ), тој кажа дека од ланското искуство смета оти тимот е најважен и дека ќе следи работа на песната со која ќе настапи во Ротердам.
Б. НЕСТОРОСКА