ВЕЧЕРВА Е „ЦЕПКИ“, ГАЛА РАСКАЖУВАЊЕ ЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ НА „ПИЧПРИЧ“

    ВЕЧЕРВА Е „ЦЕПКИ“, ГАЛА РАСКАЖУВАЊЕ ЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ НА „ПИЧПРИЧ“Со „Цепки“ се одбележува 10-годишнината на фестивалот „Прво, па женско“; - Од „ПичПрич“ 2019. (Фото: Принтскрин од видео)

    „Цепки“, специјално гала издание на иницијативата за раскажување женски приказни „ПичПрич“, ќе се одржи вечерва во 20 часот во Филхармонијата. Гала настанот е по повод десетгодишниот јубилеј на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво, па женско“.

    Темата на „Цепки“ ќе биде субверзивната моќ на хуморот и ќе понуди повеќе толкувања на тоа што е смешно. Ќе учествуваат петмина раскажувачи кои со своите настапи веќе оставиле голем впечаток на „ПичПрич“: уметницата Јана Јакимовска, планинарката и уметница Илина Арсова, писателот Петар Андоновски, радиоводителката Маја Казакова и режисерката Софија Ристевска. Како и на сите други гала настани на „ПичПрич“, ќе настапи и една регионална раскажувачка, хрватската писателка и активистка Мима Симиќ.

    „ПичПрич“ е авторство на Ана Василева и Румена Бужаровска, заедно со „Тиииит! Инк“. Билетите за „Цепки“ чинат 200 денари. Настанот е поддржан од Шведска и фондацијата „Kvinna till Kvinna“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира