Виолончелистот Александар Котевски е назначен за в. д. директор на Филхармонијата, соопшти националната установа. Котевски доаѓа на местото на Ангелина Димоска-Миташева која во февруари беше назначена на оваа функција.
Котевски е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот во 2015. Во периодот од 2011 до 2014 работеше како уметнички директор на Националната опера и балет (НОБ).
Котевски бил редовен член бил на оркестарот на Музичка младина на Македонија, Македонската филхармонија и нејзиниот камерен оркестар, Меѓународниот оркестар во Сараево, Дубровничкиот Симфониски оркестар. Како член на повеќе оркестри и состави настапувал во Хрватска, Германија, Австрија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Индонезија, Шпанија, Америка, Кина, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Казахстан.