ВТОРИОТ ДЕЛ ОД „ТАЈНИТЕ АРХИВИ НА СКОПЈЕ“ ПРЕМИЕРНО ЌЕ СЕ ПРИКАЖЕ НА 10 АВГУСТ

    ВТОРИОТ ДЕЛ ОД „ТАЈНИТЕ АРХИВИ НА СКОПЈЕ“ ПРЕМИЕРНО ЌЕ СЕ ПРИКАЖЕ НА 10 АВГУСТ„Раѓањето на Скопје“ е колаж од дигитализирани осуммилиметарски филмски ленти, собрани преку јавен повик

    Вториот краток филм за старо Скопје, „Раѓањето на градот“, чиј автор е Катерина Габунија, премиерно ќе се прикаже на 10 август од 20 часот во Кинотеката. Носител на проектот е „Вардар филм“, а беше поддржан од Град Скопје и реализиран во соработка со Кинотеката на Македонија.

    Проектот „Тајните архиви на Скопје – Раѓањето на градот“ е инициран, режиран и координиран од Габунија, монтажата и изборот на музика се на Мартин Никлески, дигитализацијата и дигиталната обработка ги направи Александар Трајковски, а дизајнер на звук е Сашко Потер Мицевски. Филмот ќе се прикаже во рамките на фестивалот на нем и класичен филм, кој првпат ќе се организира во соработка на Кинотеката и здружението „Кино Балкан“.

    „Раѓањето на Скопје“ е колаж од дигитализирани осуммилиметарски филмски ленти, собрани преку јавен повик, при што граѓаните на Скопје раскажуваат за градот и за скопјани.

    Проектот „Тајните архиви на Скопје“ ќе има и трет дел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира