Со доделување благодарници на амбасадорите од земјите донатори по катастрофалниот земјотрес во Скопје пред 60 години, денеска во Музејот на соврема уметност (МСУ) се одржа еден од настаните во дводневното чествување на годишнината.
Благодарниците на претставниците на дипломатскиот кор им ги додели министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која и ј отвори дигиталната изложба на „Подемот и падот на Скопје“. Станува збор за изложба на Државниот архив, од материјал од фотообјективот на Киро Георгиевски, вработен во Градското собрание во 50-тите години на 20. век.
Видеоматеријалот содржи над 300 фотографии и документи за денот на земјотресот и за сите случувања до крајот на годината – доаѓањето на армијата, обновата на градот со донации од југословенските републики и од целиот свет, деновите на солидарноста и сите официјални посети на државни претставници.