ЗЕМЈАВА ОТСЕГА ЌЕ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА ВО МЕЃУНАРОДНИ ФИЛМСКИ КОПРОДУКЦИИ СО НАЈМАЛКУ 5 ИЛИ 10 ОТСТО, НАМЕСТО СО 10 И 20 ОТСТО, ВЕЛИ АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

    ЗЕМЈАВА ОТСЕГА ЌЕ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА ВО МЕЃУНАРОДНИ ФИЛМСКИ КОПРОДУКЦИИ СО НАЈМАЛКУ 5 ИЛИ 10 ОТСТО, НАМЕСТО СО 10 И 20 ОТСТО, ВЕЛИ АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМШпанската актерка Роси де Палма, муза на славниот режисер Педро Алмодовар, лани снимаше во Битола, за филмот „Сирена во Париз“, во режија на Матијас Малзју, белгиско-француско-македонска копродукција, каде македонски партнер е „Сестри и брат Митевски“. (Фото: СДК.МК)

    Северна Македонија отсега може да учествува со мининални 5 проценти за мултилателарните филмски копродукциии и со 10 отсто во билатерланите копродукции, наместо како што беше досега пракса, да учествува со 10, односно 20 процени, соопшти Агенцијата за филм. Oдлукатa за можноста и Македонија да учествува во овие копродукции официјално стапува на сила на на 1 октомври годинава.

    Тоа е резултат на тоа што Македонија ја ратификуваше ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција, со која  покрај членките имаат право да учествуваат и земјите кои не се дел од Европската Унија, а имаат потенцијал и кадар за работа на меѓународни проекти. Со оваа конвенција се уредуваат односите меѓу копродуцентите и процентот на учество во филмска копродукција.

    Одлуката за двојното намалување на условите кои мора да ги исполнуваат продукциите за да се сметаат за копродуценти е во надлежност на Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж.

    „Задоволен сум што нашата земја добива подобра шанса да биде дел од големи европски филмови во улога на копродуцент. Двојното намалување на условите за за учество во филмови што некогаш се многу скапи за нас значи подадена рака во европската кинематографијa“, вели Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира