ЖАН МИШЕЛ ЖАР ГО ДОВЕДЕ И СНОУДЕН НА МАГИЧНИОТ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

    ЖАН МИШЕЛ ЖАР ГО ДОВЕДЕ И СНОУДЕН НА МАГИЧНИОТ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

    Францускиот музичар Жан Мишел Жар го знае цел свет, човекот е пионер, иноватор во електронската музика, има 68 години и дојде да го отвори 18. „Таксират“ во Скопје.
    Но, тој не е само тоа, тој е иноватор и на визуелниот дел од спектаклите на денешнината, што се случуваат во сите сфери, не само во музичката, и покажа во неделата вечер и во „Борис Трајковски“ дека е крал на аудио-визуленото шоу на ова време.
    Дојде со 6 шлепери, со кои е на светска турнеја и разно разна опрема, која неколку илјадната публика ја остави во чудо. Ама, овој уметник по овој скопски концерт ќе остане запаметен  по хуманоста, по живоста, по присутноста…

    Во видеата од новиот албум „Електроника“  тој користи видеозапис од разузнавачот Едвард Сноуден, со кој рече се сретнал во Москва, а во кој тој вели:„Да викаш дека не ти е гајле за нарушувањето на приватноста зашто нема што да криеш, е исто како да викаш дека ти е гајле за слободата на говорот. Тоа што мислиш дека нема вредност денес, може да има вредност во иднината на другите луѓе“, тоа го вели Снуден, измиксан со музиката на Жар, зборувајќи за тоа колку се важни приватните мејлови.

    Никој не може да го стаса Жан Мишел Жар во неговата научна работа кон она што тој го втемели пред 40 години, а тоа најискрено го покажа во Скопје, на својата светска турнеја.  Тој, со своите речиси 70 години, носител на сите светски можни награди за музика беше во постојан контакт со публиката, која според регистрациите на колите ја имаше од цела Македонија, од Грција и од Косово. Инсистираше на разговор со публиката, се сликаше и се снимаше со својот мобител во живо од настапот во Скопје.
    Неговиот животен проект е “Оксижен“, а скопската ја публика ја почести и со нов материјал.
    Жан Мишел Жар, никако не сакаше да си оди од сцената која ја покриваше публиката со магични ласерски прекривки од бои и фантазии, па побара, гледачите  да ги вклучат светлата од мобилните, и се разбира тоа да биде дел од видеошоуто за крај. Неверојатна беше силината на овој класик да покаже како електро или техно звукот, можат да бидат меки и сфатливи за сите генерации, зашто во публиката младите поклоници, со респект се шегуваа на сметка  на фановите кои беа на возраст на ѕвездата на вечерта.
    Преубава, светска вечер во Скопје, благодарение на Жан Мишел Жар кој со своите двајца артисти кои го следат покажа професионалност и искреност, што доби огромен аплауз. Тој вети дека ќе се врати.
     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира