ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ЏОРЏ КЛУНИ НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ЏОРЏ КЛУНИ НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ„Овој фестивал без сомнение ми е омилен и да го добијам Златниот лав е огромна чест. Веројатно тоа значи и дека сум стар, но ќе го прифатам“, изјави Клуни. (Фото: Гети)

    Американскиот актер, режисер и продуцент Џорџ Клуни ќе добие Златен лав за животно дело на 83. Венециски филмски фестивал (2 – 12 септември), соопштија организаторите.

    „Имав толку многу прекрасни моменти во Венеција. Овој фестивал без сомнение ми е омилен и да го добијам Златниот лав е огромна чест. Веројатно тоа значи и дека сум стар, но ќе го прифатам“, изјави 65-годишниот Клуни.

    Директорот Алберто Барбера рече дека во своето тројно својство како актер, режисер и продуцент, Клуни е комплетен и харизматичен уметник, страсен и оригинален.

    „Неговите почетоци се со мали улоги во телевизиски серии и Б-филмови, сè до големиот успех како ѕвезда на серијата ‘Ургентен центар’, што изгради актер способен да го исполни екранот со разоружувачка спонтаност. Тој има дар неговите ликови да изгледаат не само уверливо, туку и привлечно, блиско и човечно, благодарение на неговиот неспорен шарм. Но харизмата на Клуни се темели на неговата уверливост, а не на неговиот имиџ, бидејќи неговата заводлива страна никогаш не била само естетска“, све вели во изјавата на Барбера.

    Клуни, кој е чест гостин на Венецискиот фестивал, лани беше како актер во „Џеј Кели“ на Ноа Баумбах, а во Венеција имаа премиери и филмовите кои ги режираше „Субурикон“, „Мартските иди“ и „Добра ноќ и со среќа“.

    Барбера вели дека Клуни е совршен спој на ѕвездениот гламур од минатите времиња, исклучителниот професионализам и современата чувствителност, додавајќи дека и неговата посветеност на општествени и хуманитарни цели, денес го прави личност од исклучително значење во светот на шоу-бизнисот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира