ЗЛАТНАТА ПАЛМА ВО КАН ЗА ТРИЛЕРОТ „ТОА БЕШЕ САМО НЕСРЕЌА“ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ

    ЗЛАТНАТА ПАЛМА ВО КАН ЗА ТРИЛЕРОТ „ТОА БЕШЕ САМО НЕСРЕЌА“ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИПанахи пред три години беше в затвор во Иран, каде што почна штрајк со глад (Фото: Гети)

    Иранскиот трилер „Тоа беше само несреќа“ ја освои Златната палма, најпрестижната награда на Канскиот филмски фестивал, чие 78. издание се затвори вечерва. Кејт Бланшет му ја додели наградата на режисерот Џафар Панахи, кој пред три години беше во затвор во Иран, каде што почна штрајк со глад.

    Ова е шеста едноподруго победа во Кан за независниот дистрибутер „Неон“.

    Церемонијата на затворањето на фестивалот уследи по голем прекин на електричната енергија, што ја погоди југоисточна Франција, за кој полицијата верува дека бил предизвикан од подметнат пожар. Струјата се врати неколку часа пред ѕвездите да излезат на црвениот тепих.

    Гран при наградата ѝ припадна на норвешката семејна драма „Сентиментална вредност“ на Јоаким Трир, додека бразилскиот политички трилер „Тајниот агент“ зеде две награди; за најдобар режисер – Клебер Мендонса Фиљо и за најдобар актер – Вагнер Моура.

    За најдобра актерка е прогласена Надја Мелити за француската драма „Малата сестра“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира