ЗОРАН АНЧЕВСКИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

    ЗОРАН АНЧЕВСКИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТААнчевски на промоцијата на поетската збирка „Збунети компаси“ во мај (Фото: Или-или)

    Поетот и преведувач Зоран Анчевски е годинашниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка објавена меѓу две фестивалски изданија. Анчевски е награден за поетската збирка „Збунети компаси“, во издание на „Или-или“.

    Во 2018 година тој ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Небесна пантомима“.

    Зоран Анчевски (1954) е поет, универзитетски професор и есеист. Има објавено девет поетски збирки, што се наградени во земјата и во странство, како што се наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга („Патување низ скршени слики“, 1984) и меѓународната награда „Џакомо Леопарди“ во Италија (2004). Има објавено и есеи, критички осврти и студии за книжевната теорија.

    Неговата најнова поетска книга „Збунети компаси“ е објавена во едицијата „Поеза“ на издавачката куќа „Или-или“.

    Б. ЌАЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира