ЅВЕЗДАТА НА ПОРТУГАЛСКОТО ФАДО, МИЗИЈА, ГО ОТВОРА 22. ОФФ-ФЕСТ В СРЕДА

    ЅВЕЗДАТА НА ПОРТУГАЛСКОТО ФАДО, МИЗИЈА, ГО ОТВОРА 22. ОФФ-ФЕСТ В СРЕДАМизија е еден од осумтемина учесници на годинашниот фестивал (Фото: Офф-фест)

    Дваесет и второто издание на Офф-фест се отвора в среда со аудио-визуелниот перформанс на португалската фадо пејачка Мизија. Годинашниот фестивал ќе има четири вечери во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар, а музиката од светот ќе ја претстават музичари од Европа и Африка.

    На 8 јуни се настапите на естонската пејачка Мари Калкун и на македонската уметница Зарина Првасевда, која лани го објави својот дебитантски албум за хрватската издавачка куќа „Кроација рекордс“.

    Британско-италијанскиот тандем Џастин Адамс-Мауро Дуранте ќе ја отвори третата вечер, а потоа следува концертот на македонскиот музичар со њујоршка адреса Крсте Роџевски.

    Затворањето на програмата ќе биде во МКЦ на 10 јуни, кога ќе можат да се проследат настапите на чешката двојка Ирена и Војтех Хавлов (за која ќе се прикаже и документарен филм), мароканско-француската група „Баб Л‘Блуз“ и на живата легенда на конгоанската румба Дизи Манџеку со неговиот ол стар бенд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира