16-годишна девојка од Куксхавен, град на Северното Море, пронашла паричник во кој имало повеќе од 7.000 евра – и ѝ ги предала парите на полицијата. Девојката синоќа се јавила во полициската станица и објаснила дека нашла преполн паричник во близина на градилиште во областа Лидингворт.
Полицијата успеала да го идентификува вистинскиот сопственик на паричникот. Тој потоа синоќа патувал 240 километри од Хилдесхајм, јужно од Хановер, до Куксхавен за да си го земе паричникот.
Во паричникот, всушност, имало 7.371,04 евра. Девојката добила „соодветна накнада за пронаоѓаање“, се вели во соопштението на полицијата. Не ја објавија точната сума на наградата за пронаоѓачот. Исто така, не беше јасно зошто некој би носел повеќе од 7.000 евра готовина во паричникот.