21-ГОДИШНА НОРВЕЖАНКА СТАНА НАЈМЛАДАТА ЛИЧНОСТ КОЈА САМА СТИГНАЛА ДО ЈУЖНИОТ ПОЛ НА СКИИ

    21-ГОДИШНА НОРВЕЖАНКА СТАНА НАЈМЛАДАТА ЛИЧНОСТ КОЈА САМА СТИГНАЛА ДО ЈУЖНИОТ ПОЛ НА СКИИКарен Килесо поминала над 1.120 километри за нешто помалку од 54 дена (Фото: Инстаграм)

    Дваесет и едногодишна Норвежанка стана најмладата личност која стигнала до Јужниот Пол на скии, сама и без помош, изјави нејзиниот тим. Карен Килесо го остварила подвигот 114 години откако нејзиниот сонародник Роалд Амундсен станал првиот човек кој стигнал до Јужниот Пол.

    Килесо, која е родена на 9 мај 2003, поминала над 1.120 километри за нешто помалку од 54 дена, пристигнувајќи во понеделникот навечер на температура од околу -25 Целзиусови степени.

    Тоа е нова страница во поларната историја“, изјави нејзиниот ментор, норвешкиот авантурист Ларс Ебесен.

    Таа го надмина Пјер Едан од Франција, кој го постигна својот рекорд на 26-годишна возраст, на 7 јануари 2024. Килесо, која е висока само 150 сантиметри и има 48 килограми, влечеше санка тешка 100 килограми во обид да стигне до Полот.

    Килесо е и најмладата девојка која го поминала Гренланд на скии, завршувајќи го подвигот на 15-годишна возраст во 2018.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира