6.000 ГОДИНИ СТАРИ ШКОЛКИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ШПАНИЈА СЕ ЕДНИ ОД НАЈСТАРИТЕ МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ

    6.000 ГОДИНИ СТАРИ ШКОЛКИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ШПАНИЈА СЕ ЕДНИ ОД НАЈСТАРИТЕ МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИНеолитските заедници можеби ги користеле школките за комуникација на долги растојанија (Фото: Универзитетот во Барселона)

    Дванаесет големи школки пронајдени во Шпанија можеби се користеле како инструменти слични на труба пред илјадници години, според ново истражување, што ги прави едни од најстарите музички инструменти.

    Двајца археолози од Универзитетот во Барселона, Микел Лопес-Гарсија и Маргарита Дијас-Андреу, ги објавија своите наоди во списанието „Антиквити“, велејќи дека школките датираат од пред околу 6.000 години, а неолитските заедници можеби ги користеле за комуникација на долги растојанија.

    Неверојатно е што го добивате тој многу препознатлив тон од едноставен инструмент кој е само малку изменето животинско тело. Мислам дека најблискиот инструмент денес во однос на тонот е хорна“, кажа Лопес-Гарсија.

    Школките, кои припаѓаат на речиси изумрен вид морски полжав, биле пронајдени во шпанскиот регион Каталонија. На школките им недостасуваат нивните зашилени врвови и истражувачите сугерираат дека можеби биле отстранети за да се создадат отвори за свирење.

    Трубите во облик на школка се способни да произведат звуци со висок интензитет и би биле многу ефикасни за комуникација на долги растојанија“, вели Лопес-Гарсија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира