АКИХИТО ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ ЈАПОНСКИ ЦАР КОЈ ЌЕ АБДИЦИРА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 200 ГОДИНИ

    АКИХИТО ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ ЈАПОНСКИ ЦАР КОЈ ЌЕ АБДИЦИРА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 200 ГОДИНИНа негово место доаѓа најстариот син Нарухито. - Царот Акихито и царицата Мичико (Фото: Гети)

    Јапонскиот цар Акихито објави дека ќе абдицира на 30 април 2019 година, што ќе прво вакво повлекување од тронот во последните 200 години.

    Акихито, кој тогаш ќе има 85 години, ќе биде наследен од својот најстар син, принцот Нарухито, кој ќе дојде на власт наредниот ден, започнувајќи нова, сѐ уште неименувана ера.

    Одлуката беше донесена на денешниот состанок на советот на Царската куќа, на кој присуствуваше и премиерот Шинзо Абе и официјално треба да биде одобрена на 8 декември.

    Акихито планираше да се повлече уште во август 2016 година, истакнувајќи дека возраста и здравствените проблеми влијаат врз исполнувањето на неговите јавни должности.

    Според шефот на царскиот кабинет Јошихиде Суга, 2019-та е намерно избрана, за да се совпадне со 30-годишнината од неговото доаѓање на тронот.

    Овој процес предвидува и одредени подготовки, како именување на нова ера и избирање нов дом за царот и царицата.

    Акихито го презеде тронот во јануари 1989 година, по смртта на неговиот татко, царот Хирохито. Наследникот Нарухито ќе има 59 години кога ќе стане цар.

    Последниот јапонски цар кој абдицирал бил Кокаку во 1817 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира