AКТЕРКАТА ЏУЛИЈА ЛУИС ДРАЈФУС ОБЈАВИ ДЕКА ИМА РАК НА ДОЈКА

    AКТЕРКАТА ЏУЛИЈА ЛУИС ДРАЈФУС ОБЈАВИ ДЕКА ИМА РАК НА ДОЈКА„1 од 8 жени добиваат рак на дојка. Денес јас сум таа“, напиша Драјфус на Твитер. - Актерката со наградата Еми (Фото: АП)

    Џулија Луис Драјфус, наградуваната актерка од американската ТВ серија „Потпретседателка“ (Veep), објави дека има рак на дојка, во порака на социјалните мрежи.

    „1 од 8 жени добиваат рак на дојка. Денес јас сум таа“, напиша Драјфус на Твитер.

    Во објавата, таа додаде дека добрата вест е што има прекрасно семејството и пријатели кои ја поддржуваат, како и фантастично здравствено осигурување.  Актерката, која има 56 години, месецов ја доби рекордната шеста по ред Еми награда за главна улога, токму за нејзината улога во серијата „Потпретседателка“ на ХБО.
    Во „Потпретседателка“, нејзиниот карактер почнува како невлијателен американски потпретседател, чии обиди да ја прошири улогата во политичкиот живот завршуваат неуспешно.

    По објавата дека има рак на дојка Луис Драјфус доби голема поддршка од други актери и познати личности. Кристина Еплгејт, која имаше двојна масектомија во 2008 година по дијагнозата дека има рак на дојка, ѝ кажа на Луис Драјфус да ја контактира ако сака да разговара.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира