„АЛКАЛОИД“ ГОДИНАВА ДОНИРАШЕ 1.2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗАЕДНИЦАТА, ВРАБОТЕНИТЕ ДОБИЈА НОВОГОДИШЕН БОНУС ПО 25 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

    „АЛКАЛОИД“ ГОДИНАВА ДОНИРАШЕ 1.2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗАЕДНИЦАТА, ВРАБОТЕНИТЕ ДОБИЈА НОВОГОДИШЕН БОНУС ПО 25 ИЛЈАДИ ДЕНАРИВо текот на 2020  во компанијата се реализираа 209 нови вработувања.(Фото: Алкалоид)

    Вработените во компанијата „Алкалоид“ добија еднократен новогодишен паричен надомест во нето-износ од 25.000 денари, соопшти фармацевтската компанија. Редовниот регрес за годишен одмор компанијата, и покрај неизвесноста која владееше во првиот квартал од 2020 го исплати уште во март во нето-износ од 26.718 денари.

    Активностите на „Алкалоид“ за општествена одговорност годинава имаа засилен интензитет. На разни основи, „Алкалоид“ АД Скопје во текот на 2020 година, преку базата во Скопје, Фондацијата „Трајче Мукаетов“, и преку дел од своите ентитети во земјата и надвор од неа, има донирано износ од приближно 1,2 милиони евра.

    Од нив, 1.075.000 евра се донирани во Северна Македонија, а околу 125.000 евра надвор од земјата. Во согласност со намената, 352.000 евра се донирани во лекови, медицински средства, опрема и во опремување, над 210.000 евра се донации во средства за хигиена и за дезинфекција, а над 638.000 евра се финансиски средства на разни основи, од кои 141.236 евра се реализирани преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

    На листата на приматели на донации се заведени здравствени установи, институции, здруженија и голем број поединци.

    Во „Алкалоид“ во моментов се вработени 2.371 лице, од кои 1.832 во Северна Македонија и 539 во подружниците во странство. Во текот на 2020  во компанијата имаше 209 нови вработувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира