„АЛКАЛОИД“ ВЛОЖИ 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СВОИТЕ ПРОИЗВОДСТВЕНИ КАПАЦИТЕТИ ВО СРБИЈА

    „АЛКАЛОИД“ ВЛОЖИ 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СВОИТЕ ПРОИЗВОДСТВЕНИ КАПАЦИТЕТИ ВО СРБИЈА„Алкалоид“ продолжува да го зајакнува своето присуство на странските пазари. - Генералниот директор Живко Мукаетов (Фото: СДК.МК)

    „Алкалоид АД Скопје“ продолжува со вложувањата со кои си обезбедува поголемо учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел, компанијата изврши дополнително вложување во „Алкалоид ДОО Белград“, друштво кое е 100% сопственост на „Алкалоид АД Скопје“, зголемувајќи го основачкиот влог.

    Станува збор за инвестиција вредна 1.800.000 евра, наменета за проширување на производствените капацитети на „Алкалоид“ во Србија.

    Со оваа инвестиција, „Алкалоид АД Скопје“ го зајакнува своето присуство на странските пазари, со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира