Поп ѕвездата Аријана Гранде ги изненади младите фанови кои беа повредени во терористичкиот напад кој се случи во Манчестер на 22 мај, гушкајќи ги среќните девојчиња во нивните болнички кревети.
Во нападот на концертот на Аријана претходната недела беа убиени дваесет и двајца, а повредени десетици луѓе, повеќето тинејџери. Пејачката се врати во Британија во петокот пред добротворниот концертот закажан за утревечер посветен на повредените и на фамилиите на починатите.
Гранде објави слика од нејзината посета на детската болница во Манчестер на инстаграм и во описот на сликата ставила само едно срце.
На добротворниот концерт Аријана ќе биде придружувана од многу познати поп ѕвезди како што се Џастин Бибер, Кејти Пери, Колдплеј, Тејк Дет и Мајли Сајрус.