АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ ГИ ОБЈАВИ ПОВИЦИТЕ ЗА ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА ВО АРХИТЕКТУРАТА И ЗА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

    АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ ГИ ОБЈАВИ ПОВИЦИТЕ ЗА ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА ВО АРХИТЕКТУРАТА И ЗА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛОЃоко Радовановиќ лани ја доби наградата за животно дело во областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов” на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. (Фото: AAM)

    Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) објави два повика за доделување на најпрестижните архитектонски награди во земјава, Големата годишна награда за 2021 и за предлагање можни добитници на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“.

    Двете архитектонски награди преставуваат афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земјa, велат од ААМ.

    Двете награди се доделуваат на државјани на Северна Македонија, со рок за предавање на апликација за Големата годишна награда до 25.11.2021, додека рокот за поднесување на предлози за наградата „Андреја Дамјанов“ е 20 дена од распишување на повикот кој ќе биде јавно објавен во дневниот печат.

    Големата годишна награда на ААМ се однесува на најуспешно реализирано архитектонско дело, каде учесниците со пријавување на своите авторски дела за тековната година може да го остварат своето право на учество. Традиционално, наградата свечено се доделува на лауреатот на крајот на годината, а покровител е претседателот на државата.

    Престижната награда „Андреја Дамјанов“ претставува признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градежништвото. Право за поднесување на предлог за можни добитници имаат членовите на ААМ, каде оценувањето на кандидатите за добитници на наградата ја врши комисија, во чии редови е и добитник на наградата „Андреја Дамјанов“. Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов, а добитникот станува и член на Архитектонската академија на ААМ.

    Од ААМ објавија дека информации можат да се добијат на телефонскиот број: 076/350-336, или преку е-пошта: [email protected].

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира