АВИЧИ ИЗВРШИЛ САМОУБИСТВО, НАВЕСТИ НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО

    АВИЧИ ИЗВРШИЛ САМОУБИСТВО, НАВЕСТИ НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВОАвичи беше пронајден мртов во хотелска соба во Оман минатиот петок (Фото: Шатерсток)

    Шведскиот продуцент и диџеј Тим Берглинг, попознат како Авичи, извршил самоубиство, навести соопштението што го објави неговото семејство.

    Дваесет и осумгодишниот Авичи беше пронајден мртов во хотелска соба во Оман минатиот петок и во прв момент не беа објавени никакви детали за неговата смрт, освен дека нема сомнителни околности.

    „Тој навистина многу се мачеше со мислите за животот и среќата. Тој не можеше веќе да продолжи. Сакаше да пронајде мир. Нашиот сакан Тим беше кревка уметничка душа во потрага по одговори на суштински прашања. Перфекционист кој патуваше и работеше со такво темпо, што доведе до екстремен стрес“, стои во соопштението на семејството на Берглинг.

    Авичи беше еден од најуспешните и најплатени артисти во електронската денс музика во последните десет години, но низ кариерата се бореше со зависноста од алкохол, што му создаде сериозни здравствени проблеми, па во 2016 година објави дека престанува со настапите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира