АВИОКОМПАНИЈА МИСЛИ ДЕКА 101-ГОДИШНА ЖЕНА Е БЕБЕ

    АВИОКОМПАНИЈА МИСЛИ ДЕКА 101-ГОДИШНА ЖЕНА Е БЕБЕПроблемот настанува бидејќи системот на „Американ Ерлајнс“ не може да пресмета дека Патриша е родена во 1922 година, место во 2022 година. (Фото: Би-Би-Си)

    101-годишна Американка постојано ја водат како бебе поради грешка во системот за резервации на авиокомпанија. Проблемот настанува бидејќи системот на „Американ Ерлајнс“ не може да пресмета дека Патриша е родена во 1922 година, место во 2022 година.

    На последниот лет, таа повторно мораше да му објаснува на екипажот за грешката.

    „Смешно е што мислеа дека јас сум мало дете, а јас сум стара дама“, кажа таа.

    Но, 101-годишничката сака грешката да биде поправена што е можно побрзо, бидејќи знае да ѝ предизвика проблеми. На пример, во една прилика, персоналот на аеродромот не подготвил превоз за неа во терминалот, бидејќи очекувале бебе кое може да биде носено во раце.

    Системот за резервации не може да процесира датум на раѓање толку далеку во минатото, па внесува датум на раѓање 100 години подоцна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира