Авион на „Бритиш ервејз“ на лет од Лондон за Диселдорф, Германија по грешка слетал во Единбург, Шкотска. Авиокомпанијата денеска рече дека проблемот почнал кога бил поднесен погрешен план за летање од „ВДЛ авиејшн“, компанијата што го оперирала летот за „Бритиш ервејз“.
Пилотот го следел планот за летање за Единбург, а контролата на летање го следела истиот план и не увидела никаков пропуст.
„ВДЛ авиејшн“ вели дека се обидува да ја утврди причината за „очигледно несреќната забуна“.
Во Единбург, авионот наполнил гориво и тргнал директно за Диселдорф.