АВСТРАЛИЈА ГО ЕКСХУМИРАШЕ ТЕЛОТО НА „МАЖОТ ОД СОМЕРТОН“ ВО ОБИД ДА РЕШИ 73 ГОДИНИ СТАРА МИСТЕРИЈА

    АВСТРАЛИЈА ГО ЕКСХУМИРАШЕ ТЕЛОТО НА „МАЖОТ ОД СОМЕРТОН“ ВО ОБИД ДА РЕШИ 73 ГОДИНИ СТАРА МИСТЕРИЈАВластите веруваат дека денешната ДНК технологија може да помогне во утврдувањето на идентитетот на мажот

    Австралиските власти ги ексхумира останките на маж пронајден на плажа пред повеќе од 70 години, во обид да се реши една од најголемите мистерии во земјата. Идентитетот и причината за смртта на таканаречениот Маж од Сомертон никогаш не се утврдени и властите веруваат дека денешната напредна ДНК технологија би можела да помогне.

    Телото облечено во костум и вратоврска беше пронајдено на 1 декември 1948 на плажата Сомертон во Аделаида. Првичната истрага не откри ништо и тој беше погребан на гробиштата во Аделаида со натпис „непознат човек“.

    Телото облечено во костум и вратоврска беше пронајдено на 1 декември 1948 на плажата Сомертон во Аделаида

    Во изминатите децении се појавија разни теории за неговиот идентитет, од шпион од Студената војна до отфрлен љубовник.

    Неколку интересни предмети пронајдени на телото ги подгреваа шпекулациите низ времето. Тие вклучуваа куфер, облека со отстранети етикети и неразбирливи записи налик на код. Тој исто така држел парче искината хартија на која на јазикот фарси пишувало „Готово е“. Случајот привлече големо меѓународно внимание и беше истражуван од бројни приватни детективи.

    „Повеќе од 70 години шпекулиравме кој бил овој човек и како умрел. Решивме да го ексхумираме телото поради силен интерес на јавноста за случајот“, изјави јавната обвинителка на Јужна Австралија, Вики Чепмен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира