БАРБИ НАПОЛНИ 65 ГОДИНИ, АЛИШТАТА УШТЕ Ѝ СЕ ШИЈАТ НА МАШИНИТЕ ОД 1959

    БАРБИ НАПОЛНИ 65 ГОДИНИ, АЛИШТАТА УШТЕ Ѝ СЕ ШИЈАТ НА МАШИНИТЕ ОД 1959Актерката Хелен Мирен и пејачките Шанаја Твејн и Кајли Миног се меѓу осумте жени кои добија своја Барби кукла во чест на 8 Март (Фото: Мател)

    На 65-годишна возраст, Барби не покажува знаци дека ќе се повлече од нејзините 250 различни работни места како пластична и убава кукла која остави значаен белег на денешнината.

    Оригиналната Барби на „Мател“, со нејзината препознатлива руса коса, беше инспирирана од ќерката на креаторката Рут Хендлер, Барбара, во 1959. Но, во 2024, додека Барби ја слави својата 65-годишнина, куклите се произведуваат во разновидност на бои, фризури и форми на телото.

    „Барби порано беше одраз на убавината и тоа повеќе еднодимензионална. Денес има многу Барби кукли, а ние имаме повеќекратни погледи на брендот“, изјави извршната потпретседателка и главна директорка на брендот на „Мател“, Лиза Мекнајт.

    Денес Барби куклите се произведуваат со 35 тенови на кожа, 97 фризури и девет форми на тело, а има и кукли со инвалидска количка, Даунов синдром и витилиго, како и родово неутрални.

    Сепак, некои работи не се менуваат, како што се рачното сликање на куклите и користењето на истите машини за шиење од 1959. Без разлика дали станува збор за рачно правење нови кукли или со напредни 3-Д печатари, брендот е отворен за промени.

    „Она што е најважно за нас е да примаме совети од разни заедници кога дизајнираме. Доколку продолжевме одново и одново да го правиме истото што го правевме порано, Барби немаше да биде успешна приказна каква што е денес“, рече Мекнајт.

    Актерката Хелен Мирен и пејачката Кајли Миног се меѓу осумте жени кои добија Барби кукла со нивниот изглед во чест на 8 Март, заедно со канадската пејачка Шанаја Твејн, американската актерка Вајола Дејвис, германската комичарка и активистка Ениса Амани, мексиканската режисерка и продуцентка Лила Авулес, јапонската манекенка Никол Фуџита и креаторката Маира Гомес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира