БАРБРА СТРЕЈСЕНД ДОЗВОЛИ ДА СЕ ОБЈАВАТ СНИМКИ ОД НЕЈЗИНИ КЛУПСКИ НАСТАПИ ПРЕД ДА СТАНЕ СЛАВНА

    БАРБРА СТРЕЈСЕНД ДОЗВОЛИ ДА СЕ ОБЈАВАТ СНИМКИ ОД НЕЈЗИНИ КЛУПСКИ НАСТАПИ ПРЕД ДА СТАНЕ СЛАВНАСтрејсенд ги чувала оригиналните снимки во својата лична колекција (Фото: АП)

    Серија настапи на Барбра Стрејсенд кои датираат од периодот пред да стане славна ќе бидат објавени оваа есен, откако биле ремастеризирани.

    Барбра Стрејсенд – Во живо во Бон Соар“ содржи песни од нејзините настапи во ноќниот клуб „Бон Соар“ во Менхетн во 1962 година, кои ѝ помогнаа да го потпише првиот договор со дискографска куќа. Албумот ќе биде објавен на 4 ноември.

    Добар дел од овие песни подоцна биле студиски преработени и се најдоа на нејзиниот прв албум од 1963 година, за кој освои Греми награда.

    Стрејсенд ги чувала оригиналните снимки во својата лична колекција и дозволила да бидат објавени откако ѝ било кажано дека нивниот квалитет ќе биде усовршен со помош на модерната технологија.

    Овие снимки ќе им овозможат на фановите да ја слушнат 20-годишната Стрејсенд на почетокот на една неспоредлива кариера“, објави „Колумбија рекордс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира