Индиската авиокомпанија „Џет Ервејс“ му подари бесплатна доживотна карта на бебе кое се роди на еден од нивните летови од Саудиска Арабија до Индија. Екипажот и една патничка, која била обучена медицинска сестра, помогнаа да се роди бебето на височина од над 10 илјади метри.
Мајката и бебето беа однесени во болница откако Боингот 737 слета во западниот индиски град Мумбаи.
Авиокомпанијата соопшти дека мајката и бебето се добри и им се заблагодари на екипажот и на медицинската сестра за успешното породување на машкото бебе.
Компанијата додаде дека ова било прв пат бебе да им се роди за време на лет.
БЕБЕ РОДЕНО СРЕДЕ ЛЕТ ДОЖИВОТНО ЌЕ ЛЕТА БЕСПЛАТНО СО „ЏЕТ ЕРВЕЈС“
20 јуни 2017 - 00:03
Мумбаи, (Би-Би-Си)
Авиокомпанијата „Џет Ервејс“ соопшти дека ова било прв пат бебе да им се роди за време на лет. (Фото: Џет Ервејс)