БЕБИЊАТА КОИ СИЛНО ПЛАЧАТ РАСТАТ ЗДРАВО – ВО ЈАПОНИЈА ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ СЕ ВРАТИ „ПЛАЧЛИВОТО СУМО“

    БЕБИЊАТА КОИ СИЛНО ПЛАЧАТ РАСТАТ ЗДРАВО – ВО ЈАПОНИЈА ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ СЕ ВРАТИ „ПЛАЧЛИВОТО СУМО“Облечени во традиционалната сумо престилка, децата се соочија во рингот во храм во Токио (Фото: АФП)

    Над 60 јапонски бебиња се соочија на традиционалниот ритуал „плачливо сумо“, за кој се верува дека им носи добро здравје на децата. Настанот се одржа по четири години пауза поради пандемијата.

    Облечени во традиционалната сумо престилка, децата, држени од нивните родители, се соочија со други деца во рингот во храмот Сенсоџи во Токио. Судиите носеа демонска маска во обид да ги расплачат децата и за победник се прогласуваше првото што ќе се расплачеше.

    На настанот учествуваа 64 деца (Фото: АФП)

    Може многу да се дознае за здравјето на детето од начинот на кој плаче. Денеска можеби беше нервозна и не плачеше многу, но сакам да го чујам нејзиното здраво плачење“, изјави мајка на осуммесечно бебе.

    „Плачливо сумо“ се одржува во светилишта и храмови низ земјата, на радост на родителите и гледачите.

    Некои луѓе сметаат дека е ужасно да сакате да расплачете бебе. Во Јапонија, ние сметаме дека бебињата кои силно плачат растат здраво“, изјави Шигеми Фуџи, претседателот на Туристичката федерација на Асакуса.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира