Бебиситерка во Канзас пронашла маж кој се крие под креветот на детето кој го чувала откако се пожалило дека таму има чудовиште.
Додека се обидувала да му покаже на детето дека нема ништо под креветот, таа се соочила со маж, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Бартон. По кратка борба со бебиситерката, мажот побегнал и бил пронајден и уапсен во истиот блок следното утро.
Дваесет и седумгодишниот Мартин Вилалобос, кој некогаш живеел во зградата и имал забрана за доближување до неа поради претходно обвинение за злоставување, завршил во затвор зашто бил баран за неколку кривични дела, како тешко киднапирање, грабеж и загрозување деца.
Инцидентот се случил во околината на градот Грејт Бенд. Мажот веќе бил избеган кога дошла полицијата, на која бебиситерката ѝ рекла дека ги легнувала децата кога едно се пожалило на „чудовиште“.