БЕРЛИНАЛЕ СУСПЕНДИРАШЕ ЕДНА ОД СВОИТЕ ГЛАВНИ НАГРАДИ ОТКАКО СЕ ДОЗНА ДЕКА НЕГОВИОТ ОСНОВАЧ БИЛ НАЦИСТ

    БЕРЛИНАЛЕ СУСПЕНДИРАШЕ ЕДНА ОД СВОИТЕ ГЛАВНИ НАГРАДИ ОТКАКО СЕ ДОЗНА ДЕКА НЕГОВИОТ ОСНОВАЧ БИЛ НАЦИСТПопуларната Сребрена мечка од 1986 година го носеше името на Алфред Бауер (Фото: ДПА)

    Берлинскиот филмски фестивал суспендираше една од своите главни награди, откако се дозна дека неговиот основач и прв директор Алфред Бауер бил високо рангиран нацист кој бил активно вклучен во пропагандната организација на Јозеф Гебелс.

    Контроверзното минато на Бауер е разоткриено во текстот во „Ди Цајт“, во кој се вели дека тој бил член на Нацистичката партија и на предвоената паравоена организација СА, но и бил клучен дел од телото за контрола на филмската индустрија, востановено во 1942 година од Министерството за пропаганда.

    По војната, Бауер бил именуван за прв директор на Берлинале во 1951 година, останувајќи на оваа функција до пензионирањето во 1976.

    Тимот на „Ди Цајт“ се повикал на документи од Националниот архив и од градскиот архив на Берлин, во кои се вели дека Бауер шпионирал актери, режисери и други членови на филмската индустрија. Се верува дека тој по војната систематски ги уништил сите траги на своето нацистичко минато.

    Ова срамно откритие следува во пресрет на 70. издание на Берлинале, чија награда Сребрена мечка е именувана во чест на Бауер по неговата смрт во 1986 година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари