Стилот на американскиот сенатор Берни Сандерс на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден стана инспирација за безбројни мемиња, од кои не можеше да се избега изминативе три дена на интернет. Популарноста на сенаторот ја искористи и Град Скопје да се пофали дека поставиле нови клупи на 250 локации низ градот, илустрирајќи ја објавата на Фејсбук со меме од Сандерс како седи на клупа спроти Владата.
Сандерс, пак, реши да ја искористи популарноста да собере пари за хуманитарни цели. На неговиот официјален сајт почна да продава џемпери со мемето по цена од 45 долари и сите приходи ќе одат за програмата „Оброци на тркала“, преку која се доставува храна на лица кои не можат сами да си купат или да си зготват.
Џемперите беа распродадени за еден ден, а и оние кои успеале да купат ќе почекаат 4 до 8 недели за испорака поради големата побарувачка.