БИТКОИНОТ ДОСТИГНА РЕКОРДНА ВРЕДНОСТ ОД 28.500 ДОЛАРИ

    БИТКОИНОТ ДОСТИГНА РЕКОРДНА ВРЕДНОСТ ОД 28.500 ДОЛАРИВредноста на биткоин порасна за речиси четири пати годинава. (архивска фотографија)

    Вредноста на крипто валутата биткоин продолжи да расте на и крајот од годината, достигнувајќи рекорд од 28.500 долари. Денеска биткоинот порасна за 5 отсто, а вкупно 47 отсто од почетокот на декември и на добар пат да го има најголемиот раст во еден месец од мај 2019.

    Вредноста на биткоин порасна за речиси четири пати годинава, откако порасна и интересот на институционалните инвеститори. Паралелно со растот на биткоинот опаѓа вредноста на доларот, коj падна на најниско ниво од април 2018. Американската валута е под притисок, бидејќи инвеститорите се префрлаат на поризични инвестиции, надевајќи се на силно економско закрепнување следната година поради вакцинацијата против ковид-19.

    Денеска во Британија беше одобрена и вакцината на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира