БИВШ МОДЕЛ ГО ОБВИНИ ТРАМП ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ПРЕД 23 ГОДИНИ

    БИВШ МОДЕЛ ГО ОБВИНИ ТРАМП ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ПРЕД 23 ГОДИНИЕјми Дорис кажа дека инцидентот се случил на тенискиот турнир Отворено првенство на САД (Фото: Гардијан)

    Поранешен модел јавно го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за сексулен напад што се случил на тениски турнир во Њујорк пред повеќе од две децении.

    Во ексклузивно интервју за „Гардијан“, Ејми Дорис откри дека Трамп агресивно ѝ пристапил пред тоалетот во неговата ВИП ложа на Отвореното првенство на САД на 5 септември 1997 година. Дорис, која тогаш имала 24 години и работела како модел, кажа дека Трамп ја залапал на сила, ја фаќал по целото тело и цврсто ја држел што не можела да избега.

    Дорис со Трамп и нејзиното тогашно момче на Ју-Ес опен во 1997

    „Агресивно ме залапа, а јас се обидував да го оттурнам. Тогаш почна поцврсто да ме стиска и со рацете ме фаќаше по задникот, градите, грбот, секаде. Бев притисната и не можев да се ослободам. Толку силно се бранев, што мислам дека му го гризнав јазикот“, изјави Дорис.

    Трамп преку своите адвокати негираше дека некогаш ја вознемирувал или нападнал Дорис, која сега живее во Флорида. Таа приложи докази дека во тоа време била на Ју-Ес опен и дека се фотографирала со Трамп, кој тогаш бил во брак со втората сопруга Марла Мејплс.

    Дорис кажа дека во септември 1997 поминала неколку дена со Трамп во Њујорк откако го запознала преку нејзиното тогашно момче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира