БИВШИОТ БЕЛГИСКИ КРАЛ МОРА ДА ПЛАЌА 5.000 ЕВРА НА ДЕН ЗАШТО ОДБИВА ДА СЕ ПОДЛОЖИ НА ТЕСТ ЗА ТАТКОВСТВО

    БИВШИОТ БЕЛГИСКИ КРАЛ МОРА ДА ПЛАЌА 5.000 ЕВРА НА ДЕН ЗАШТО ОДБИВА ДА СЕ ПОДЛОЖИ НА ТЕСТ ЗА ТАТКОВСТВОТврдењата дека Делфин Боел е ќерка на Алберт Втори првпат се појавија пред 20 години (Фото: Гети)

    Поранешниот белгиски крал Алберт Втори ќе мора да ѝ плаќа 5.000 евра на ден на жена која тврди дека е негова биолошка ќерка, сè додека не достави примерок од ДНК за тест за татковство.

    Судската одлука беше донесена во октомври 2018, кога му беше наредено на кралот да се подложи на тестирање. Бидејќи сè уште не го направил тоа, судот во Брисел му нареди на 84-годишниот Алберт да закаже термин и да поднесе примерок во присуство на судски вештаци.

    Тврдењата дека Делфин Боел е ќерка на бившиот монарх првпат се појавија во 1999 година, кога излезе неавторизирана биографија на кралицата Паоло, сопругата на кралот Алберт, кој абдицираше пред шест години во корист на својот син Филип.

    Боел, која е уметник, тврди дека Алберт во 1960-ите почнал врска со нејзината мајка, баруницата Сибил де Селиз Лонгшан, која наводно траела цели 18 години. Таа ја раскажа својата приказна во книга од 2008 година.

    „Вие сте одговорни за детето што сте го направиле. Не го напуштајте, но тоа е она што го направи мојот татко“, напиша Боел.

    Со ДНК-тестирање веќе беше утврдено дека Жак Боел не е биолошки татко на Делфин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира