Вкупното богатство на музичките звезди Џеј Зи и Бијонсе достигнува вредност од 1 милијарда долари, објави списанието Форбс.
Познато по своите листи на богатите, Форбс тврди дека двојката поседува богатство од 1.26 милјарди долари, од кои Џеј Зи придонесува со 810 милиони, а пејачката Бијонсе со 350 милиони.
Списанието објави дека повеќето од парите на Џеј Зи се инвестирани во издавачката куќа Рок Нејшн и другите негови компании. Парот исто така има значителен удел од парите во услугите за стриминг.